РАСТЕ КОНФЛИКТОТ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ПАЛЕСТИНА ПО СЕРИЈАТА НАПАДИ СО ЦИВИЛНИ ЖРТВИ

    РАСТЕ КОНФЛИКТОТ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ПАЛЕСТИНА ПО СЕРИЈАТА НАПАДИ СО ЦИВИЛНИ ЖРТВИСиноќа кола влета во пешаци во Тел Авив, при што загина италијански турист, а петмина се повредени. (Фото: АП)

    Италијански турист загина, а пет лица се повредени синоќа кога кола влета во пешаци во Тел Авив, неколку часа откако две сестри Израелки беа убиени во напад со огнено оружје на окупираниот Западен Брег. Нападите, по ноќните прекугранични напади во Газа и Либан, ги зголемија израелско-палестинските тензии по рациите на израелската полиција во џамијата Ал Акса во Ерусалим изминатава недела.

    Завчера ноќта, имаше опасност тензиите да прераснат во поширок конфликт, бидејќи Израел ракетираше цели поврзани со исламистичката група Хамас во Газа и јужен Либан, но вчера борбите беа стивнаа. Сепак, двата напади нагласија колку е нестабилна ситуацијата, што предизвикаа тревога низ целиот свет и повици за смиреност.

    Во последниот напад, автомобил влета во група на улица во близина на популарна велосипедска и пешачка патека на шеталиштето во Тел Авив. Возачот бил застрелан од полицаец кога се обидел да извади пиштол, соопшти полицијата. Извор од израелските безбедносни сили го идентификуваше напаѓачот како арапски државјанин на Израел од градот Кафр Касем.

    Претходно вчера, две сестри, на возраст од 20 и 16 години со израелско-британско државјанство загинаа, а мајка им беше ранета во пукање врз нивниот автомобил близу врејската населба Хамра во долината Јордан. Додека војниците трагаа по напаѓачот, премиерот Бенјамин Нетанјаху нареди да се мобилизираат резерви на граничната полиција и дополнителни воени сили за да се спротивстават на бранот напади.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира