ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДВЕ ГОДИНИ НЕ Ѝ ОДГОВАРА НА АНТИКОРУПЦИСКА КАКО Е ДОНЕСЕН ПЛАНОТ КАЈ „ХОЛИДЕЈ ИН“

    ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДВЕ ГОДИНИ НЕ Ѝ ОДГОВАРА НА АНТИКОРУПЦИСКА КАКО Е ДОНЕСЕН ПЛАНОТ КАЈ „ХОЛИДЕЈ ИН“Од граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ велат дека со ДУП-от кај „Холидеј ин“ бројот на жители е надминат за 4 пати.(Фото: К.Попов)

    Општина Центар издаде дозвола за третата фаза од проектот за трите кули кај „Холидеј ин“ во строгиот центар на градот. Станува збор за објект лепенка на втората зграда која ќе биде деловен простор на „Стопанска банка“. 

    Не е издадена градежна дозвола за третата кула туку за третата фаза од целиот проект кој вклучува пет фази“, велат од Општина Центар.

    Од граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ денеска објавија дека Општината издала градежна дозвола за третата кула, според ДУП-от кој е нелегален од повеќе аспекти. Бројот на жители е надминат за 4 пати, процентот на изграденост за 2,76 пати, коефициентот на искористеност за 6,3 пати, просечната катност за 2,42 пати. Но, и покрај тоа Обвинителството цели две години не успева да одговори на претставката на Државната комисија за борба против корупцијата со која се бараше истрага за тоа како се носел овој урбанистички план.

    Градоначалникот Герасимовски, кој за жал има лесна рака за потпишување на градежни дозволи, повторно покажа дека не му е важна законитоста на целиот процес туку што побрзо да ги задоволи интересите на инвеститорите. Ќе остане запаметен дека не се ни обиде да направи било каков чекор за промена иако над 10.000 луѓе потпишаа онлајн петиција за запирање на планот“, велат од „Шанса за Центар“.

    На просторот кај „Холидеј ин“ веќе се градат двете згради. Првата ќе биде станбена на 20-катница, а втората ќе биде деловна зграда на „Стопанска банка Скопје“ на 11 ката. Третата зграда која ќе биде станбена ќе биде 22-катница.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира