НЕ ЧУВАМ СРЕБРА – МУРИЊО ГО ФРЛИ СВОЈОТ МЕДАЛ ОД ЛИГА ЕВРОПА ВО ПУБЛИКА ОТКАКО ГО ИЗГУБИ ПРВОТО ЕВРОПСКО ФИНАЛЕ

    НЕ ЧУВАМ СРЕБРА – МУРИЊО ГО ФРЛИ СВОЈОТ МЕДАЛ ОД ЛИГА ЕВРОПА ВО ПУБЛИКА ОТКАКО ГО ИЗГУБИ ПРВОТО ЕВРОПСКО ФИНАЛЕДодека го напушташе теренот, Мурињо му го фрли својот медал на едно момче (Фото: Гети)

    Жозе Мурињо го фрли својот сребрен медал во публика откако Рома изгуби од Севилја на пенали во финалето на Лига Европа.

    Еден совршен рекорд мораше да падне во финалето и тоа беше оној на Мурињо, кој претходно ги имаше добиено сите пет европски финалиња до кои што стигна. За Севилја, ова е седми трофеј од исто толку одиграни финалиња во Лига Европа.

    Додека го напушташе теренот, Мурињо му го фрли својот медал на едно момче во публика.

    Го направив тоа зашто не сакам сребрени медали. Не чувам сребрени медали и затоа го дадов. Освоив пет финалиња, ова го изгубив, но горд се враќам дома“, изјави Португалецот, кој со двете европски финалиња со Рома го подобри својот тренерски имиџ по слабите авантури во Манчестер јунајтед и Тотенхем.

    Мурињо, кој лани со Рома ја освои Лигата на конференции, и натаму ќе го дели рекордот со Џовани Трапатони.

    Иако има договор со Рома до 2024, Мурињо не е сигурен дали ќе остане, а меѓу заинтересираните клубови е Пари Сен-Жермен.

    Сакам да останам во Рома, но моите играчи заслужуваат повеќе. Јас заслужувам повеќе. Не сакам веќе да се борам за тоа. Уморен сум од тоа да бидам и тренер и комуникатор и клупски портпарол“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира