УМЕТНИКОТ ОД ШВАЈЦАРИЈА ДРАГАН ГЕЛЕВ ПРОДАДЕ 20 ДЕЛА ЗА ПОМОШ НА СТУДЕНТКА ПРЕКУ ШТИПСКАТА ФОНДАЦИЈА „Д-Р СИМОН ВАСИЛЕВ“

    УМЕТНИКОТ ОД ШВАЈЦАРИЈА ДРАГАН ГЕЛЕВ ПРОДАДЕ 20 ДЕЛА ЗА ПОМОШ НА СТУДЕНТКА ПРЕКУ ШТИПСКАТА ФОНДАЦИЈА „Д-Р СИМОН ВАСИЛЕВ“Гелев кој живее и твори во Швајцарија, за годинашново Штипско културно лето сите свои 20 уметнички дела изложени во УГ „Безистен“ во Штип ги донира за хуманитарната Фондација „Д-р Симон Василев“. ( Фото: СДК.МК )

    Во Уметничката галерија „Безистен“ во Штип е отворена изложба на 20 дела од македонскиот уметник од Швајцарија Драган Гелев, со потекло од Штип, а средствата што ќе бидат собрани од продажбата ќе бидат наменети за хуманитарни цели.

    „Го сакам апстрактното сликање, сликање во моментот, како тоа автентично го правеа Пикасо од светски ранг или Мазев од Македонија. Независно, решив сите 20 дела да ги донирам на Фондацијата ‘Д-р Симон Василев’, исклучителна, млада личност од Штип која прерано почина за време на коронакризата“, вели Галев.

    „Хуманитарното здружение ‘Д-р Симон Василев’ одлучи средствата што ќе се соберат од оваа донација да бидат наменети за студентка по општа медицина од Штип која го загубила родителот и останала сама“, вели Д-р Марела Василева, сопруга на Симон Василев по  чие име е основана оваа фондација.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира