Општина Аеродром бара од Град Скопје да се вратат имиња на улиците во Скопје кои беа ставени во времето на владеењето на Никола Груевски. Тогаш голем дел од улиците добија имиња на личности од антиката. Пред две недели, исто такво барање до градоначалничката Данела Арсовска достави и Општина Бутел.
На вчерашната седница на Советот на Општина Аеродром, претседателот на Советот Дејан Митески предложи иницијатива за враќање на старите имиња на улиците оти тоа го барале граѓаните. Иницијативата беше изгласана со мнозинство гласови кои ги има ВМРО-ДПМНЕ во Советот.
„Со една непромислена одлука во март 2021 година, на предлог на Шилегов, се направи хаос во системот на имиња на улици, каде што повеќе од 80 улици во Лисиче беа преименувани. Се надевам дека Советот на Град Скопје сериозно ќе ја разгледа оваа наша иницијатива и во најскоро време ќе донесе одлука за враќање на имињата на улиците, во интерес на жителите на овие улици.
ВМРО-ДПМНЕ веднаш по локалните избори проба да се вратат старите имиња на улиците. На една од првите седници на Советот на Град Скопје, ВМРО-ДПМНЕ предложи точка на дневен ред за поништување на одлуката на ексградоначалникот Петре Шилегов со која античките имиња се избришаа и се вратија старите имиња на улиците. Но, оваа барање на ВМРО-ДПМНЕ не помина бидејќи немаше поддршка од албанските партии во Советот, а без нив тие немаат мнозинство.
- ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОСТОВСКИ БАРА ГРАД СКОПЈЕ ДА ГИ ВРАТИ СТАРИТЕ ИМИЊА НА 38 УЛИЦИ ВО БУТЕЛ
-
ВМРО-ДПМНЕ БАРА ВО СКОПЈЕ ДА СЕ ВРАТАТ ИМИЊАТА НА УЛИЦИТЕ СТАВЕНИ ВО ВРЕМЕТО НА ГРУЕВСКИ
А. АНТЕВСКА