Документарецот „Молк на разумот“ на македонската режисерка Кумјана Новакова ја освои Наградата за човекови права на 29. Филмски фестивал во Сараево што заврши синоќа. Филмот, копродукција меѓу Македонија и БиХ, е сочинет од сведоштва и видеоматеријали од фоензичките архиви за претрпеното насилство и тортурата на жените кои вовојната во Босна и Херцеговина поминале низ камповите за силување во Фоча. Ова е втор долгометражен документарец на Новакова, по наградуваниот „Вознемирена земја“ во 2021.
Победник на Саревскиот фестивал е грузискиот „Кос, кос, капина“ на Елене Навериани кој освои Срце на Сараево за најдобар филм, како и наградата за најдобра актерка за Екатерине Чавлеишвили.
Срце на Сараево за најдобра режија освои Украинецот Филип Сотниченко за „Ла Палисијада“, а за најдобар актер Јован Гиниќ од српскиот „Изгубена земја“.
Срце на Сараево за најдобар документарец освои „Флашароши“ на Немања Војиновиќ, копродукција меѓу Србија и Словенија.