ВТОР ДЕН ПОЖАРИ БЛИЗУ АТИНА, ЕВАКУИРАНИ СТОТИНА ЛУЃЕ

    ВТОР ДЕН ПОЖАРИ БЛИЗУ АТИНА, ЕВАКУИРАНИ СТОТИНА ЛУЃЕСтотици луѓе се евакуирани од своите домови низ целата земја откако во саботата избувнаа пожари во северна Грција.(Фото: Катимерини)

    Грчките пожарникари втор ден се борат со шумските пожари покрај Атина. 202 пожарникари поддржани од доброволци, заедно со 65 возила и 15 авиони, дел испратени од Шведска и Германија, се борат со пожарот на околу 20 километри северно од Атина, во близина на селото Фили на подножјето на планината Парнита.

    Условите остануваат тешки, а во неколку случаи и екстремни. Сите сили на Цивилната заштита остануваат на готовност и се борат со пожарите“, рече портпаролот на противпожарната бригада Јоанис Артопиос.

    Стотици луѓе се евакуирани од своите домови низ целата земја откако во саботата избувнаа пожари во северна Грција. Противпожарната бригада соопшти дека неколку пожари ја зафатиле континентална Грција.

    Денеска пламените јазици се проширија кон градот Мениди, каде што околу 150 луѓе беа евакуирани од три домови за стари лица во хотели или други установи за нега.

    Го држевме пожарот подалеку од домовите“, изјави Статис Топалидис, заменик-градоначалник на Мениди, за државната телевизија ЕРТ, опишувајќи ја евакуацијата. „За жал, ветрот воопшто не помага“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира