ПОЖАРОТ КАЈ СКОПСКО АЈВАТОВЦИ СТАВЕН ПОД КОНТРОЛА, НЕМА ПОТРЕБА ДА ИНТЕРВЕНИРААТ АВИОНИТЕ

    ПОЖАРОТ КАЈ СКОПСКО АЈВАТОВЦИ СТАВЕН ПОД КОНТРОЛА, НЕМА ПОТРЕБА ДА ИНТЕРВЕНИРААТ АВИОНИТЕПожарот се гаснеше непрекинато во текот на целата ноќ од страна на скопските пожарникари и доброволци од локалното население.(Фото: ЦУК)

    Пожарот кај скопското село Ајватовци во Општина Илинден сè уште е активен на еден крак, но е ставен под контрола. Како што информираат од Центарот за управување со кризи активен е само еден крак, под репетиторите, а останатите делови во текот на ноќта се изгасени и нема никаква опасност.

    „Екипи на скопската Пожарна работат на гаснење на активниот крак и обиколка и проверка на изгаснатите делови од пожарот.
    Пожарот се гаснеше непрекинато во текот на целата ноќ од страна на скопските пожарникари и доброволци од локалното население предводени од градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски. Очекувам да биде целосно изгаснат во следните неколку часа. Засега нема потреба од воздухоплови“, вели директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.

    А. АНТЕВСКА

    .

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира