ПОЧНУВА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ОДБОЈКА, МАКЕДОНИЈА ЌЕ ИГРА ВО СКОПЈЕ КОЈ Е ЕДЕН ОД ГРАДОВИТЕ-ДОМАЌИНИ

    ПОЧНУВА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ОДБОЈКА, МАКЕДОНИЈА ЌЕ ИГРА ВО СКОПЈЕ КОЈ Е ЕДЕН ОД ГРАДОВИТЕ-ДОМАЌИНИСкопје е домаќин на групата Ц во која се и Данска, Чешка, Црна Гора, Холандија и Полска.(Фото: Ѓ. Личовски)

    Денеска почнува 33. Европско првенство за одбојкари, на кое меѓу осумте градови-домаќини е и Скопје. Во Скопје ќе се играат мечевите од групата Ц, во која противници на македонската репрезентација се Данска, Чешка, Црна Гора, Холандија и Полска.

    Својот воведен натпревар на ЕП македонските одбојкари ќе го играат утре од 20 часот против Данска во салата „Борис Трајковски“, по што следуваат дуелите против Црна Гора (2 септември), Полска (3 септември), Холандија (5 септември) и Чешка (6 септември).

    Премиерниот натпревар на ЕП, чии кодомаќини се и Италија, Бугарија и Израел, е вечерва од 20 часот во Болоња. Пласман во нокаут-фазата ќе обезбедат најдобрите четири репрезентации од секоја од четирите групи.

    Осминафиналните и четвртфиналните натпревари ќе се играат во Бари и Варна, додека завршницата во борбата за медалите е во Рим. Натпревари од групната фаза ќе се играат и во Перуџа, Анкона и Тел Авив.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира