УПРАВНИОТ ОДБОР НА СКОПСКИ „ВОДОВОД“ ВО ХОДНИК ДРЖЕШЕ СЕДНИЦА ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ НА В. Д. ДИРЕКТОРОТ ИЛИЕВСКИ, ОТИ ТОЈ ИМ ЈА ЗАКЛУЧИЛ САЛАТА

    УПРАВНИОТ ОДБОР НА СКОПСКИ „ВОДОВОД“ ВО ХОДНИК ДРЖЕШЕ СЕДНИЦА ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ НА В. Д. ДИРЕКТОРОТ ИЛИЕВСКИ, ОТИ ТОЈ ИМ ЈА ЗАКЛУЧИЛ САЛАТАГрадоначалничката Арсовска во јануари годинава го назначи Илиески за в. д. директор на „Водовод“, каде тој дојде од местото в. д. директор на Зоолошката градина. (Фото: СДК.МК)

    Управниот одбор на ЈП „Водовод и канализација“  во Скопје, денеска држеше седница во ходник оти салата им била заклучена. Една од точките на дневен ред беше предлог за разрешување на в. д. директорот Драган Илиевски „поради лошата (неподобрена) финансиска состојба на претпријатието“, па затоа членовите се сомневаат дека ова е направено по негова наредба за да се блокира работата и да не се донесе одлуката за разрешување.

    На дневниот ред било и Разгледување на барање од УО до в.д. директорот да се достави на увид Договорот за изградба на Пречистителна станица за отпадни води помеѓу ЈП „Водовод и канализација“ и „ВТЕ Васертехник”.

    Претседателот на Управниот одбор Идриз Орана за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека она што се случува во претпријатието е лудо, а таа лудост денеска кулминирала.

    „Освен што беше заклучена салата, сменета е и бравата од мојата канцеларија и тргнат е написот дека тоа е просторија за претседател на Управен одбор. Сакаат да нè понижат и да нè спречат да одржиме состанок. Веќе подолго време сме незадоволни од работењето на претпријатиетп, се вработуваат луѓе во администрација, а не во техничките служби. Затоа, денес точка на дневен ред е да се разреши директорот и да не се одобрат нови вработувања. И покрај опструкциите, ние овие одлуки ги донесовме иако работевме во ходник”, вели Орана.

    Управниот одбор на „Водовод“ беше избран додека градоначалничката Данела Арсовска не беше скарана со ВМРО-ДПМНЕ, партијата која ја подржа нејзината кандидатура на изборите во 2021.

    Градоначалничката Арсовска во јануари годинава го назначи Илиески за в. д. директор на „Водовод“, каде тој дојде од местото в. д. директор на Зоолошката градина.

    Орана вели дека директорот Илиевски не ги почитува и не ги спроведува одлуките на Управниот одбор и дека тоа е кривично дело.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира