СЕ ПРОШИРУВААТ ДВЕ УЛИЦИ ДОЛЖ РЕКАТА ОТИЊА ВО ЦЕНТАРОТ НА ШТИП СО ПРОЕКТ ОД 120.000 ЕВРА

    СЕ ПРОШИРУВААТ ДВЕ УЛИЦИ ДОЛЖ РЕКАТА ОТИЊА ВО ЦЕНТАРОТ НА ШТИП СО ПРОЕКТ ОД 120.000 ЕВРАЦентралните еднонасочни улици Маршал Тито и Васил Главинов покрај реката ќе се прошират и сообраќајот може да се одвива во двете насоки. (Фото: СДК.МК)

    Тротоарите покрај реката Отиња во Штип до камениот мост во должина 150 метри се раскопуваат и на нивно место ќе се градат конзоли со цел кејот на реката да добие нови тротоари. Со ова, централните еднонасочни улици Маршал Тито и Васил Главинов покрај реката ќе се прошират и сообраќајот може да се одвива во двете насоки.

    „Проектот чини 7,5 милиони денари (над 120.000 евра), од кои 2,5 милиони денари (40.000 евра) се локални пари и 5 милиони денари (80.000 евра) средства обезбедени со одлука на Парламентот врз основа на прифатен амандман од штипските пратеници на опозицијатата“, вели градоначалникот Иван Јорданов, кој смета дека со овој проект не само што ќе се прошират централните улици од двете страни на реката Отиња, туку ќе се зголеми бројот и на паркинг местата во центарот на Штип.

    Овие конзоли се само продолжение на конзолите долж коритото на реката Отиња во централното градско подрачје, вели Јорданов. Тој кажа дека дека досегашната инвестиција од 25 милиони денари за уредување на центарот на градот покрај Отиња ќе се надополни со нова локална инвестиција од 15 милиони денари за конзоли од десната страна на реката, од ОУ„Ванчо Прќе“ до Судската зграда во должина од 200 метри. Планирани се и велосипедски патеки, а на потегот од Музејот во Штип до вливот на Отиња во Брегалница во должина од 300 метри кејот ќе биде целосно осветлен со канделабри.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира