МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА ЌЕ ДАДЕ 145.000 ЕВРА ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ОБЈЕКТОТ „ПАРК“ ВО БИТОЛА, НО ОПШТИНАТА ЌЕ ТРЕБА ДА НАЈДЕ УШТЕ 650.000 ЕВРА

    МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА ЌЕ ДАДЕ 145.000 ЕВРА ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ОБЈЕКТОТ „ПАРК“ ВО БИТОЛА, НО ОПШТИНАТА ЌЕ ТРЕБА ДА НАЈДЕ УШТЕ 650.000 ЕВРАОдобрените 145.000 евра треба да се искористат до крајот на годината. (Фото: СДК.МК)

    Со 9 милини денари (околу 145.000 евра) Министерството за култура ќе ја поддржи Општина Битола за реконструкција на руинираниот објект „Парк“, кој е дел од амбиенталната целина на Офицерскиот дом. Од Министерството потврдија дека овие средства се доделени за неколку ставки од овој проект, за кој Општина Битола аплицираше минатата недела. Овие 9 милиони денари треба да се искористата до крајот на годината.

    Станува збор за Програмата за користење средства за капитални дотации до единиците на локалната самоуправа во областа на културата за 2024 година, со која Министерството за култура ги поддржува капиталните проекти во единаесет општини, информација која беше усвоена деновиве на првата седница на техничката Влада.

    Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска вели дека оваа година е обезбеден поголем буџет, 50 милиони денари, со кој единиците на локалната самоуправа ќе реализираат значајни инфраструктурни проекти преку кои ќе се подобрат условите за остварување на културата во различни региони.

    Но, овие издвоени средства нема да бидат доволни за реконструкција на „Парк“, ако се земе предвид дека Општина Битола пред неколку месеци соопшти оти со зголемените цени на пазарот ваквиот зафат ќе чини над 800.000 евра. Тоа значи дека локалната власт ќе треба да најде уште над 654.000 евра за да се обнови руинираниот објект.

    Првично беше предвидено објектот „Парк“ да се реконструира со пари од европскиот проект „Смарт фор ју ту“. Но, Општина Битола одлучи средствата да ги пренамени за изградба на велосипедски патеки, па аплицираше до Министерството за култура да ја помогне реконструкцијата на објектот кај Офицерскиот дом.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира