Грузиската претседателк Саломе Зурабичвили смета дека тајмингот на објавувањето на смртта на рускиот дисидент Алексеј Навални не е случајност, туку порака од Русија.
„Мислам дека не беше случајно што смртта на Навални беше објавена неколку часа или минути пред почетокот на конференцијата во Минхен“, изјави денеска 71-годишната претседтелка на последниот на Минхенската безбедносна конференција. „Тоа е вообичаената карактерна особина на руската активност, да се обиде психолошки да импресионира дека Русија прави што сака, каде сака. И тоа беше порака, мислам, за конференцијата во Минхен“, рече таа.
Тимот на Навални вчера ја потврди неговата смрт, повикувајќи се на мајката му, Људмила Навалнаја. Таа отпатувала во затворскиот логор во северна Русија и таму ја примила веста за неговата смрт, според објавата на портпаролката на Навални на социјалната медиумска платформа Х, поранешна Твитер. Смртта на 47-годишниот критичар на рускиот претседател Владимир Путин, кој беше во затвор од 2021, се вели дека се случила во петокот во 14:17 часот.
Руската затворска служба првпат ја објави смртта на Навални непосредно пред почетокот на Минхенската безбедносна конференција во петокот.