Основното јавно обвинителство Струга бара притвор за 52-годишен жител на Велешта кој физички нападнал медицинска сестра на Одделот за хирургија при Струшката болница која побарала од него да ја изгаси цигарата. Тој е осомничен за кривичното дело Напад врз здравствен работник и здравствен соработник при вршење здравствена дејност од Законот за здравствена заштита.
Осомничениот на 29 февруари физички ја нападнал сестрата оти побарала од него да ја изгаси цигарата, агресивно се однесувал кон неа и ја навредувал, а потоа со нога ја удрил во стомакот и избегал. Бил пронајден и лишен од слобода следниот ден, соопшти Обвинителстото.
„Со оглед на тоа што ваквото однесување на осомничениот ја потврдува опасноста тој да се даде повторно во бегство за да го избегне кривичниот прогон, а и поради опасноста тој да го повтори делото и да ја нападне медицинската сестра, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор“, рече Обвинителството.