ЌЕ СЕ ЗАЧЛЕНАМ ВО ВМРО-ДПМНЕ АКО УСПЕАТ ДА ГИ ВНЕСАТ МАКЕДОНЦИТЕ ВО БУГАРСКИОТ УСТАВ, РЕЧЕ ПЕНДАРОВСКИ НА КОНГРЕСОТ НА СДСМ

    ЌЕ СЕ ЗАЧЛЕНАМ ВО ВМРО-ДПМНЕ АКО УСПЕАТ ДА ГИ ВНЕСАТ МАКЕДОНЦИТЕ ВО БУГАРСКИОТ УСТАВ, РЕЧЕ ПЕНДАРОВСКИ НА КОНГРЕСОТ НА СДСМСпоред Пендаровски, трендовите се променети и ВМРО-ДПМНЕ не е во големо водство пред СДСМ. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Актуелниот претседател Стево Пендаровски ќе биде претседателски кандидат на СДСМ. Пендаровски беше избран за кандидат на денешниот конгрес на владејачката партија. Друг кандидат немаше.

    „Отворено пред сите тука сакам да ја посочам нашата најголема слабост. Ние имаме свои вредности и големи потенцијали, поголеми од опозицијата. Но, нашата најголема слабост е тоа што мислиме дека сме послаби отколку што сме. Ние не сме послаби, ние сме подобри“, рече Пендаровски.

    Тој кажа дека е нормално после 8 години на власт на луѓето да им станат досадни, но според него, трендовите се променети и ВМРО-ДПМНЕ не е во големо водство.

    „Ако успеат, како што велат, да ги стават Македонците во Уставот на Бугарија и да ги натераат Бугарите да го признаат македонското малцинство во Бугарија, јас ќе бидат првиот кој ќе се зачлени во ВМРО-ДПМНЕ“, кажа Пендаровски пред делегатите.

    Пендаровски својата кандидатура ја објави во петкот и најави дека ќе ги собира и потребните 10.000 потписи од граѓаните. Потребните потписи Пендаровски ги собра денеска, исто како и кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова која синоќа беше избрана за кандидат на опозициската партија.

    Претседателски кандидати се и Стевчо Јакимовски (ГРОМ), Билјана Ванковска (Левица), Максим Димитриевски (ЗНАМ), Бујар Османи (ДУИ) и Арбен Таравари како кандидат на албанските опозициски партии.

    Првиот круг од претседателските избори ќе се одржи на 24 април, а вториот круг ќе биде заедно со парламентарните избори на 8 мај.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира