ВО ЗАТВОРОТ К`ШАЊЕ СЕ ОБЕСИ ПРИТВОРЕНИКОТ КОЈ СИ ГИ УБИ СЕСТРАТА И ВНУКОТ ВО КУМАНОВСКИ ГАБРЕШ

    ВО ЗАТВОРОТ К`ШАЊЕ СЕ ОБЕСИ ПРИТВОРЕНИКОТ КОЈ СИ ГИ УБИ СЕСТРАТА И ВНУКОТ ВО КУМАНОВСКИ ГАБРЕШПритвореникот кој чекал судење се обесил, откако со чаршаф се врзал за кревет на кат, додека во притворската ќелија имало уште еден притвореник кој спиел. (Фото: СДК.МК)

    Шеесет и седумгодишниот Д. Ѓ. од кумановското село Габреш, кој е осомничен за двојно убиството сестра си и внукот и обид за убиство на другиот внук, бил пронајден мртов во притворското одделение во Казнено-поправната установ Куманово – затвор К`шање. Д. Ѓ. се обесил, откако со чаршаф се врзал за кревет на кат, додека во притворската келија имало уште еден притвореник кој спиел.

    Според извори од истрагата, самоубиството се случило завчера околу 17 часот, а безживотното тело го пронашол командирот кој вршел редовна обикола во Одделението. Од МВР го потврдија случајот, но не сакаа да дадат повеќе информации, со образложение дека станува збор за самоубиство.

    Од Основното јавно обвинителство (ОЈО) во Куманово, велат дека тие ги презеле потребните дејствија, откако од затворот К’шање било пријавено дека притворено лице си го одзело животот.

    „Јавен обвинител изврши увид во ќелијата, сослушано е лице кое било со него, како и управните служби на затворот, прегледани се камерите, а телото е предадено на обдукција. Сега го чекаме обдукцискиот наод и врз основа на него ќе следат другите дејствија“, изјави обвинителката Теута Рамандани од ОЈО Куманово.

    Д. Ѓ. во притвор го чекал судењето за двојно убиството и обид за убиство, кое требало да започне откако ќе заврши истрагата, бидејќи се работело за обемен предмет.

    Двојното убиство кое го изврши Д. Ѓ. се случи на 21 февруари годинава во селото Габреш, кога по расправија со двајцата внуци и сестрата извадил пиштол кој го поседувал со дозвола пукал кон нив. Во пукањето се убиени мајката и едниот син, а тешко бил повреден другиот син.

    „Во 12.25 часот полициски службеници од СВР го лишиле од слобода Д. Ѓ. (67) затоа што во село Габреш, Кумановско, поради нерасчистени имотно-правни односи пукал од огнено оружје кон неговата сестра Д. Р. (63), и нејзините синови Ж. Р. (36) и Т. Р. (38). Итна медицинска помош констатирала смрт кај Д. Р. и Т. Р., додека Ж. Р.со повреди е пренесен во Општа болница Куманово. Увидот е во тек“, соопшти тогаш СВР Куманово.

    Жители од селото тогаш кажуваа Д. Ѓ. бил добар човек кој се вратил од Германија и многу помагал и се грижел за семејството на сестрата, но постојано имал проблеми со внуците, по што се случила трагедијата.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира