УЕФА Ѝ ЗАБРАНИ НА АВСТРИЈА НА ЕВРО 2024 ДА КОРИСТИ ПЕСНА ШТО ЈА СКАНДИРА ГЕРМАНСКАТА ЕКСТРЕМНА ДЕСНИЦА

    УЕФА Ѝ ЗАБРАНИ НА АВСТРИЈА НА ЕВРО 2024 ДА КОРИСТИ ПЕСНА ШТО ЈА СКАНДИРА ГЕРМАНСКАТА ЕКСТРЕМНА ДЕСНИЦАПесната е поврзана со серија инциденти каде толпата во Германија извикуваше екстремно десничарски скандирања со оваа мелодија. (Фото: УЕФА)

    УЕФА нема да дозволи репрезентацијата на Австрија да ја користи „Љубов секогаш“ (L’amours toujours) како своја песна на ЕП 2024 во Германија. Песната, снимена од италијанскиот диџеј Џиџи Д’Агостино пред децении, е поврзана со серија инциденти каде толпата во Германија извикуваше екстремно десничарски скандирања со оваа мелодија.

    Австриската фудбалска федерација ОФБ рече за забраната: „ОФБ јасно се залага за толеранција, различност и интеграција и е посветена на промовирање на соживот со почитување во сите области на општеството. По неодамнешните инциденти на злоупотреба, песната нема да се пушта на меѓународни натпревари на ОФБ“.

    Репрезентацијата на Австрија ја искористи песната за да ги прослави големите победи и таа редовно се пушташе веднаш по последниот судиски свиреж. Затоа, ОФБ ја вклучи оваа песна во својата плејлиста за ЕП 2024, која во март беше доставена до УЕФА на одобрување. Пред неколку дена, федерацијата беше известена од УЕФА дека песнаат не може да се пушта. Песните за головите се исти за секоја репрезентација, но тимовите можат да предложат други песни кои треба да се свират за време на загревањето и по натпреварите.

    Неколку грди инциденти кои вклучуваат расистички скандирања според мелодијата на песната предизвикаа реакции во Германија откако видеата станаа вирални на Интернет. Полицијата во неколку германски покраини исто така покрена криминални истраги поради сомневање за поттикнување омраза. Снимката на која на веселба пред паб на ексклузивниот, шик остров Зилт во Северното Море се извикува „Странците надвор – Германија за Германците“ на мелодијата на песната предизвика осуда низ целата земја.

    Евро 2024 ќе трае од 14 јуни до 14 јули. Австрија првпат ќе игра на 17 јуни против Франција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира