ОПШТИНА ВЕЛЕС ПОЧНА ДА УРИВА ДИВОГРАДБИ, ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЛЕВ ВЕЛИ ДЕКА ГИ НЕМА НА ЕЗЕРОТО МЛАДОСТ

    ОПШТИНА ВЕЛЕС ПОЧНА ДА УРИВА ДИВОГРАДБИ, ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЛЕВ ВЕЛИ ДЕКА ГИ НЕМА НА ЕЗЕРОТО МЛАДОСТСрушени се неколку објекти низ градот. (Фото: СДК.МК)

    Општина Велес започна со отстранувањето на времени објекти и дивоградби. Но, место тоа да го прави фирма, го сториле лицата кои со години ги користеле, а немале имотен лист за нив. Градоначалникот на Велес, Марко Колев, вели дека оваа акција се спроведува бидејќи објектите се грда слика за градот.

    „Досега се срушени пет објекти. И тоа без користење механизација, туку во разговор со корисниците на тие времени или бесправно изградени објекти. Имаме договор со фирма за уривање која ако биде потребно, ќе интервенира на езерото Младост да се спречи изградба дивоградби. Досега инспекцијата не констатирала градење на диво на езерото. Работиме чекор по чекор. Нема селективност во работата на градежната инспекција. Урната е една гаража близу Мало мовче, каде ќе се гради паркинг. Му се јавивме на сопственикот, тоа е времен објект и сам го сруши“, кажа Колев.

    Градоначалникот најавува дека ќе се обиде да исчисти уште една грда слика на градот, но со новото раководство на ЈП за стопанисување на деловен фонд. Ќе бара отстранување на бараките на Нов мост, кое досегашното раководство не размислувало, ниту разговарало да ги отстрани.

    Ова е прва акција на отстранување дивоградби и некористени времени објекти во Велес по дваесетина години. Таа започна во време на изборна кампања и помина без реакции од корисниците. Претходниот градоначалник Аце Коцевски најави расчистување на бараките, но тогашното раководство на СДСМ веднаш реагираше и акцијата не се реализираше.

    П. ПЕЧКОВ

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира