Дел од оградата заедно со рекламно пано од железничкиот мост во Автокоманда паднале врз две возила во движење, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Оттаму додаваат дека немаат информации за повредени лица.
ЦУК вели дека од невремето кое вечерва го зафати Скопје во оперативниот центар на ЦУК стигнаа околу 70 пријави од 112 кои претежно се за паднати дрва во општините Аеродром, Гази Баба и Центар.
Има и пријави за поплавени подруми и улици во Бутел и Ѓорче Петров.
„Сите пријави се пренесени на надлежни институции“, вели директорот Стојанче Ангелов.