СКРШЕНИ ДРВЈА ОД НЕВРЕМЕТО ВО НЕДЕЛАТА УШТЕ СТОЈАТ ВО ПАРКОТ АЕРОДРОМ ВО СКОПЈЕ

    СКРШЕНИ ДРВЈА ОД НЕВРЕМЕТО ВО НЕДЕЛАТА УШТЕ СТОЈАТ ВО ПАРКОТ АЕРОДРОМ ВО СКОПЈЕЕкипите на ЈП „Паркови и зеленило“ два дена не успеале да ги отстранат искршените дрвја и гранки. (Фото: СДК.МК)

    Десетина скршени дрвја и гранки стојат во паркот Аеродром во Скопје. Дрвјата беа искршени во неделата во невремето кои го зафати градот, и уште стојат на патеките и го попречуваат движењето на пешаците.

    Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ два дена не успеале да ги отстранат скршените дрвја и гранки.

    Во повеќечасовното невреме со силен дожд и град во оперативниот центар на Центарот за управување со кризи (ЦУК) на бројот 112 стигнаа околу 70 пријави, претежно за паднати дрвја во општините Аеродром, Гази Баба и Центар, како и за поплавени подруми и улици во Бутел и Ѓорче Петров.

    Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов изјави дека сите пријави се пренесени на надлежни институции.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира