Д-Р ИГОР СТОЈКОВСКИ Е НОВ ДИРЕКТОР НА КЛИНИКАТА ЗА ОНКОЛОГИЈА

    Д-Р ИГОР СТОЈКОВСКИ Е НОВ ДИРЕКТОР НА КЛИНИКАТА ЗА ОНКОЛОГИЈАМинистерот за здравство Арбен Таравари денес беше во Клиничката болница во Тетово. (Фото: СДК.МК)

    Д-р Игор Стојковски е нов директор на Клиниката за онкологија, кажа министерот за здравство Арбен Таравари при денешната посета на Клиничката болница во Тетово. Таравари вчера потврди дека ја разреши економската директорка на Токсикологија Бесија Иљази и дека се пронајдени неправилности во нејзиното работење, а денеска најави и дека наскоро ќе има официјален извештај за тоа.

    „Од денеска, д-р Игор Стојковски е назначен за директор на Клиниката за онкологија. За економскиот директор на Токсикологија, комисијата за ревизија беше таму и наскоро ќе ви дадам официјален извештај за да не шпекулирам. Покарај ова, за директорот на Кардиохирургија добив информација дека заменик-министерката за здравство добила допис од ДКСК дека треба да го врати и добро постапила. Меѓутоа, ќе видиме дали има други неправилности во работењето. Ако има, веднаш ќе постапиме и повторно ќе го смениме без никаков проблем. Начелно, мислам дека заменик-министерката за здравство добро постапила. За Онкологија работиме на изнаоѓање среднорочно и долгорочно решение. Зборувам за дигитализација, а можеби и за кодирање на сите лекови кои ќе доаѓаат во Македонија, но ќе ми треба време да се консултирам со ИТ инженерите и со лица кои се разбираат во ова“, рече Таравари.

    Министерот се запозна и со состојбата во Клиничката болница во Тетово по невремето од неделата, кога дел од подрумските простории ѝ беа поплавени. Како што бил информиран од надлежниот лекар, иако водата навлегла во подрумските простории на Ургентното одделение, немало оштетувања на поскапите апарати, но рече дека и за овде ќе се бара решение за да не се повторат вакви проблеми.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира