ПОМОШТА ЗА УКРАИНА ЌЕ ПРОДОЛЖИ И СО ОВАА ВЛАДА, КАЖА МИНИСТЕРОТ ЗА ОДБРАНА МИСАЈЛОВСКИ НА НАТО САМИТОТ

    ПОМОШТА ЗА УКРАИНА ЌЕ ПРОДОЛЖИ И СО ОВАА ВЛАДА, КАЖА МИНИСТЕРОТ ЗА ОДБРАНА МИСАЈЛОВСКИ НА НАТО САМИТОТМисајловски вели дека земјава мора да помагаме на Украина во овие тешки времиња и сето она што не епотребно на нашата Армија ќе се даде. (Фото: Фејсбук)

    Новата влада ќе продолжи да дава воена помош на Украина, кажа министерот за одбрана Владо Мисајловски кој изминативе три дена е дел од македонската делегација на НАТО Самитот во Вашингтон. Мисајловски во интервју за ТВ 21 рече дека тоа што издвојуваме два проценти од Бруто домашниот производ како членка на НАТО е многу за една мала земја и дека тоа ќе продолжи и во наредниот период.

    „Знаете дека доста донации се дадени на Украина, ние сме петта земја по донации и за мала земја тоа е огромен успех. Претходната влада тоа го правела и јас го поздравувам тоа. Без разлика дали било од претходната влада или оваа влада истото ќе го прави, тоа мора да продолжи. Се разбира ние мора да ѝ помагаме на Украина во овие тешки времиња и ќе гледаме сето она што не ѝ е потребно на нашата Армија да го дадеме“, рече Мисајловски.

    Министерот додаде дека има барања за нова помош за Украина и тие во наредниот период ќе бидат разгледани на владина седница.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира