Шпанија по четврти пат е победник на Европско првенство во фудбал, откако вечерва во Берлин ја победи Англија со 2:1.
Нико Вилијамс постигна гол за водство на Шпанија од 1-0 на почетокот на второто полувреме во 47 минута, а во 73. минута, Кол Палмер даде гол за израмнување на 1-1.
Во 86. минута по асистенција на Кукуреља, Ојарзабал постигна гол за водство на Шпанија од 2-1, што беше и конечен резултат на натпреварот.
Шпанија имаше седум победи од седум натпревари на ЕП во Германија за да го освои европскиот шампион по четврти пат.
Репрезнтацијата на Англија по вторпат губи во финале и сè уште е без голема титула од освојувањето на Светското првенство во 1966 година. Тоа е уште еден мачен пораз за една од светските репрезентации со најнеуспешни перформанси, а овојпат се случи пред принцот Вилијам и шпанскиот крал Фелипе на местото изградено за Олимпијадата во 1936 година.