МИЦКОСКИ НАЈАВИ ТЕЛЕФОНСКА ЛИНИЈА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ КОРУПЦИЈА, НЕ КАЖА ЗОШТО ПОТКУПОТ ШТО МУ ГО НУДЕЛЕ НЕ ГО ПРИЈАВИЛ ВО ОБВИНИТЕЛСТВОТО

    МИЦКОСКИ НАЈАВИ ТЕЛЕФОНСКА ЛИНИЈА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ КОРУПЦИЈА, НЕ КАЖА ЗОШТО ПОТКУПОТ ШТО МУ ГО НУДЕЛЕ НЕ ГО ПРИЈАВИЛ ВО ОБВИНИТЕЛСТВОТОOдлучив со јавност да се борам со криминалот и корупцијата, и затоа ја дадов таа изјава, рече Mицкоски. (Фото: К.Попов)

    Премиерот Христијан Мицкоски не кажа зошто поткупот што му го нуделе за пругата кон Бугарија не го пријавил во Обвинителството. Од таму вчера за САКАМДАКАЖАМ.МК  изјавија дека таква пријава кај нив од Мицкоски нема.

    Мицкоски денес при посета на Општина Македонска Каменица прашан зошто не го пријавил поткупот одговори „гледам поедини центри на влијание како се вознемирени, а вознемирени се затоа што е ова е стар тендер, јавна набавка која ја водела претходната влада на СДСМ и ДУИ. Јас одлучив со јавност да се борам со криминалот и корупцијата, и затоа ја дадов таа изјава и тоа е порака дека времето за криминалците во политиката заврши“.

    Тој додека дека Владата ќе отвори телефонска линија на која граѓаните ќе можат да пријавуваат корупција.

    „На телефонска линија ќе може да се пријави девијантно однесување на административци или политичари, кои бараат некаква услуга за да завршат некоја работа која на граѓаните им следува. Додека сум јас премиер, место за криминалци во политиката ќе нема“, рече Мицкоски.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира