СУДОТ ЈА БЛОКИРА НИЗ ЦЕЛА САД ЗАБРАНАТА НА ТРАМП ЗА ВЛЕЗ НА МУСЛИМАНИ

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"САД,(БИ-БИ-СИ)

    СУДОТ ЈА БЛОКИРА НИЗ ЦЕЛА САД ЗАБРАНАТА НА ТРАМП ЗА ВЛЕЗ НА МУСЛИМАНИ

    Американскиот федерален судија од Сиетл привремено за целата територија на САД ја блокира забраната на претседателот Доналд Трамп за влез на патници од седум главно муслимански земји. Федералниот судија Џејмс Робарт пресуди против тврдењето на владините адвокати дека американските држави немаат право да се спротистават на извршната наредба на Трамп.

    Против наредбата на Трамп има поднесено дузина тужби, но ова е првпат да се издаде пресуда која ќе важи за целата територија на САД – со што привремено се поништува забраната издадена од претседателот.

    Тужбата против претседателот Трамп прво беше поднесена од државата Вашингтон, а потоа се придружи и Минесота. Јавниот обвинител на Вашингтон Боб Фергусон ја нарече забраната незаконска и неуставна, зашто ги дискриминира луѓето врз основа на религија.

    Наредбата на Трамп издадена минатата недела предизвика протести и конфузија на аеродромите низ САД.

    По оваа пресуда, царинските власти им кажаа на американските авиокомпании дека може да ги превезуваат патници од забранетите земји додека трае судскиот процес. Сепак, администрацијата може да ги блокира ако им биде усвоено итното барање – министерството за правда рече дека ќе ја обжали пресудата на судот од Сиетл.

    Во изјава, Белата куќа ја опиша директивата на Трамп како „законска и соодветна“. Неговата наредба ја суспендира за 120 дена американската програма за реадмисија на бегалците. Исто така, има трајна забрана за сириските бегалци, а секој што доаѓа од Ирак, Сирија, Иран, Либија, Сомалија, Судан или Јемен се соочува со 90-дневна суспензија на визата. Околу 60.000 луѓе од 7 земји се засегнати од забраната и нивните визи беа поништени поради тоа. Но, царината сега вели дека овие визи одново ќе им бидат издадени, а луѓето кои беа засегнати од забраната може слободно да влезат во САД.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира