ВИНО СТАРО ЕДЕН ВЕК СЕ ЧУВА ВО ВИНСКИОТ ПОДРУМ НА МУЗЕЈОТ НА КАВАДАРЦИ

    ВИНО СТАРО ЕДЕН ВЕК СЕ ЧУВА ВО ВИНСКИОТ ПОДРУМ НА МУЗЕЈОТ НА КАВАДАРЦИШишето бело вино произведено 1926 година е подарок од семејството Велкови, кое во Кавадарци во 1885 ја отворило првата приватна винарија на Балканот. (Фото: СДК.МК)

    Во Винскиот музеј на Град Кавадарци се чува шише вино старо безмалку сто години. Тоа е подарок од семејството Велкови, произведено 1926 година, кое е меѓу бројните експонати.

    Виното е сместено во т. н. вински подрум од зградата на Музејот, каде има повеќе предмети кои зборуваат за развојот на лозарството и винарството во Тиквешијата. (Фото: СДК.МК)

    „Семејството Велкови поседува повеќе такви примероци и едно ни даде нам за чување и експонат за гостите. Тоа е бело вино“, вели Томе Крстевски, виш кустос-етнолог во Музејот на Град Кавадарци.

    Пумпа за преточување течност од сад во сад. (Фото: СДК.МК)

    Виното е сместено во т. н. вински подрум од зградата на Музејот, каде има повеќе предмети кои зборуваат за развојот на лозарството и винарството во Тиквешијата. Има предмети кои датираат од 2. век п.н.е. кои се прилог дека уште тогаш на овие простори се произведувало вино.

    Од збирката на Музејот во Кавадарци. (Фото: СДК.МК)

    Повеќето предмети и експонати се подарок од првата приватна винарија на Балканот, формирана во Кавадарци од фамилијата Велкови во 1885, која произведувала вино и ракија.

    Муљач сега е машина за мелење, а тогаш го викале „ламја“ бидејќи собирала еден кош грозје. (Фото: СДК.МК)

    „Има примероци кои датираат од крајот на 19. и од почетокот на 20. век. Сите се од семејството Велкови. Тоа е пумпа за преточување течност од сад во сад, преса за пресирање грозје и добивање гроздов сок, потоа муљач, што сега е машина за мелење, а тогаш го викале „ламја“ бидејќи собирала еден кош грозје“, вели Крстевски.

    Фотографија од тројцата браќа Велкови со казан, кој собирал 600 кила комиње, го викале султан оти имал импозантна големина за казан за печење ракија. (Фото: СДК.МК)

    Домаќините велат дека просторот е многу посетен, оти го доловува подрумот од еден дом во Тиквешијата кој одгледува грозје и произведува ракија или вино. Подрумот е изработен од природни материјали, како глина, кал, слама и трска и е дело на ликовниот уметник од Кавадарци, Ристо Соколов-Сокол.

    Подрумот е изработен од природни материјали, како глина, кал, слама и трска и е дело на ликовниот уметник од Кавадарци, Ристо Соколов-Сокол. (Фото: СДК.МК)

    „Меѓу другото, имаме фотографија од тројцата браќа Велкови со казан, кој собирал 600 кила комиње. Го викале султан оти имал импозантна големина за казан за печење ракија“, вели Крстевски.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира