ОД УТРЕ БЕСПЛАТЕН ЈАВЕН ПРЕВОЗ ВО СКОПЈЕ ПОРАДИ ЕНОРМНОТО ЗАГАДУВАЊЕ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ОД УТРЕ БЕСПЛАТЕН ЈАВЕН ПРЕВОЗ ВО СКОПЈЕ ПОРАДИ ЕНОРМНОТО ЗАГАДУВАЊЕ

    Бесплатен јавен превоз за сите граѓани од утре и во автобусите на ЈСП и во автобусите на приватните превозници, денеска најави скопскиот градоначалник Коце Трајановски, кој рече и дека бесплатниот превоз е една од краткорочните мерки што ги презема Градот поради енормното загадување на воздухот во Скопје. Загадувањето особено беше високо викендов, кога во Општина Карпош во саботата во 22 часот беа измерени 1.218 микрограми на кубен метар ПМ 10 честички. Според законските одредби дозволената средно дневна концентрација на ПМ10 честички во воздухот е 50 микрограми на кубен метар.

    „Оваа мерка ќе биде во сила се додека не се намали загадувањето под прагот за алармирање, односно под 100 микрограми на кубен метар. Апелирам до градоначалниците на останатите општини да се приклучат со субвенции кон јавните претпријатија, за да може да го понесеме заедно финансискиот товар“, рече Трајановски.
    Тој најави дека градската комунална инспекција ќе ја интензивира контролата на градилиштата, односно ќе се проверува дали камионите се со измиени тркала и дали товарот е покриен.

    „Комунална хигиена поинтензивно ќе ги мие градските улици, а апелирам до градоначалниците на скопските општини и тие истото да го прават на улиците што се во нивна надлежност“, рече Трајановски.
    Градската комунална инспекција според Трајановски и викендов вршела вонреден надзор и проверени се 36 капацитети за кои е надлежен Градот, но кај ниту еден не е утврдено надминување на дозволените гранишни вредности на загадување. Тој објасни дека ги провериле и сите топлани во градот и утврдиле дека сите работат исклучиво на гас.

    „Автомобилите на Град Скопје ќе ги користат само инспекторите, а останатите остануваат во гаража. Апелирам вработените во Град Скопје од утре на работа да не доаѓаат со автомобили, туку со автобус. И јас утре ќе дојдам со автобус“, рече Трајановски.
    Тој најави дека стручните служби на Градот веќе работат на проект во некоја од општините каде не се мери загадувањето да се постави градската мерна станица со дисплеј, која стоеше во центарот на Скопје и за кратко време беше отсранета, со опревдување дека пречи на градежните работи на Скопје 2014 година. Иако градежните работи одамна завршија, мерната станица не беше вратена на нејзино место кај црквата „Константин и Елена“, а досега не е поставена на друга локација.
    Квалитетот на воздухот во Скопје се мери со пет мониторинг станици, од мониторинг системот на Министерството за животна средина, односно во центар, Карпош, Гази Баба, Лисиче и кај Ректорат.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира