Студентите, кои беа најброни на денешниот протест поради прегазувањето на 22-годишната Фросина Кулакова на булеварот Партизански одреди во Скопје, најавија нови, помасовни протести . Тие денеска од местото на несреќата маршираа до Собранието, Обвинителството и завршија пред Кривичниот суд. Пред два дена, Фросина ја прегази дваесетгодишниот Васил Јованов од Скопје, кој возел пијан, без возачка дозвола и минал на црвено светло со 120 км на час, додека таа минувала на пешачки премин.
Пред Кривичниот суд демонстрантите викаа „Убијци”, „Правда за Фросина”, „Затвор за Васил”, „Крвави ви се рацете“, „Нема веќе молчење”. Потоа, со црвена боја оставаа траги од дланките на плочникот пред судот кои симболизираа крвави раце.
Студентите пред Кривичен суд рекоа дека протестите нема да престанаат. Најавија нови, помасовни протести бидејќи мора да престане праксата никој за ништо да не биде казнет и да не одговара во државата.
„Ако сега премолчиме, ваквите работи ќе продолжат да ни се случуваат. Сите да се организираме заедно со граѓаните и да покажеме дека ова мора да престане“, рекоа студентите пред Кривичен суд.
На сите места каде што застанаа, оддадоа триминутно молчење на трите девојки кои изминативе години беа прегазени на Партизанска во Скопје.
- 20-ГОДИШНИКОТ КОЈ ПИЈАН И БЕЗ ДОЗВОЛА ПРЕГАЗИ ДЕВОЈКА, НА 16 ГОДИНИ УДРИЛ ЖЕНА СО КОЛА, А СУДИЈА МУ ДАЛ САМО ВОСПИТНА МЕРКА КОГА БИЛ ФАТЕН СО ДРОГА
- СУДОТ НЕ ВИ Е КРИВ ЗА ЦРНИТЕ СООБРАЌАЈНИ ТОЧКИ НА КОИ ГАСНАТ ЖИВОТИ И НЕ МОЖЕ СУДИЈА ДА ПРЕТПОСТАВУВА ДЕКА ОБВИНЕТИОТ ЌЕ ИЗВРШИ ДРУГО ДЕЛО, ВЕЛАТ ОД КРИВИЧНИОТ СУД
- ФРОСИНА Е ЖРТВА ОТИ ВО ДРЖАВАТА НЕМА КАЗНИВОСТ, РЕКОА НА ПРОТЕСТОТ ЗА ПРЕГАЗЕНАТА ДЕВОЈКА ВО СКОПЈЕ
- ВО ДОСИЕТО НА 20-ГОДИШНИОТ ЈОВАНОВ КОЈ ЈА ПРЕГАЗИ ФРОСИНА НЕ ПОСТОИ НИ ПРЕКРШОЧНА ПРИЈАВА ОД МВР ЗА ТОА ШТО НА 16 ГОДИНИ ВОЗЕЛ И ПОВРЕДИЛ ЖЕНА
А. АНТЕВСКА