АХМЕТИ И ЗАЕВ ПРВО ГО ДОГОВАРААТ ПАРЛАМЕНТОТ, ПА ЌЕ СИ ЗЕМАТ УШТЕ 20 ДЕНА ЗА ВЛАДА

a:2:{s:11:"td_subtitle";s:383:"ЛидеротнаДУИАлиАхметинаденешнотоодбележувањетона16-годишнинатаодконфликототво2001годинавоскопскатаОпштинаЧаирпокојзнаекојпатизјавидекапартијатанемадабрзапридонесувањетонаодлуката";s:9:"td_source";s:45:"СКОПЈЕ,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    АХМЕТИ И ЗАЕВ ПРВО ГО ДОГОВАРААТ ПАРЛАМЕНТОТ, ПА ЌЕ СИ ЗЕМАТ УШТЕ 20 ДЕНА ЗА ВЛАДА

    Ако ДУИ донесе одлука да ги даде потребните потписи за да може СДСМ да побара мандат за формирање на влада од претседателот Ѓорге Иванов, прво ќе се заврши со конституирањето на  Парламентот со избор на собраниски спикер, а дури потоа во  уставните 20 дена ќе се разговара за персоналниот состав и другите отворени прашања, велат извори од СДСМ и од ДУИ за САКАМДАКАЖАМ.МК.

    Лидерот на ДУИ Али Ахмети на денешното одбележувањето на 16-годишнината од почетокот на конфликотот во 2001 година во скопската Општина Чаир пак изјави дека партијата нема да брза при донесувањето на одлуката. Тој рече дека за писмениот предлог од СДСМ се сретнал и со  лидерот на Движењето за реформи на ДПА Зијадин Села.

    “Се анализираат сите работи. Мислам дека во иднина ќе има конкретен одговор. Ова се прашања кои се разговараат во рамките на партијата, но јас ве уверувам дека таму не се произведуваат атомски бомби. Се разбира дека се дискутира за важни прашања во врска со политичкиот и правниот статус на Албанците во Македонија. Ние зборуваме и со другите политички партии затоа што треба да формираме заедничко мислење“, изјави Ахмети.

    Дознаваме дека ДУИ во партиските тела најмногу време потрошила за начинот како да ги даде потписите на СДСМ, а од неа да добие силни гаранции за прифаќање на заедничката платформа на Албанците.

    Извори од ДУИ велат дека од СДСМ бараат прво да се договорат за употребата на албанскиот јазик, па потоа да ги дадат потписите и да го конституираат Парламентот. Дури потоа ќе се договараат во уставниот рок од 20 дена за персоналниот состав и распределбата на министерските места.

    Ахмети разоварал за понудата на СДСМ со лидерот на ДР-ДПА Зијадин Села

    Работни групи на ДУИ и Алијансата за Албанците расправаа за предлогот на СДСМ. – Лидерот на ДР-ДПА Зијадин Села

    Лидерот на Движењето за реформи во ДПА Зијадин Села  во интервју за телевизијата АЛСАТ-М, рече дека за него е прифатливо единствено ако во одредени државни институции, како на пример Владата и во Собранието, на министрите им се овозможи да зборуваат на албанскиот,  а на пратениците материјалите од седниците да им бидат преведуван на албански.  Села оваа изјава ја даде после средбата на работните групи на ДУИ и Алијансата за Албанците кои расправале за предлогот на СДСМ.

    Во интервјуто Села рече дека иако го разгледуваат предлогот на СДСМ,  нема да чекаат законските решенија за правата на Албанците да им ги предложи македонска партија.

    “Уставот многу јасно во петтиот амандман, став два вели: јазикот кој го зборуваат 20 отсто од населението исто така е службен јазик. И писмото исто така е службено. Ако во Собранието се дозволува зборувањето на албански, а нема превод на материјалите, тогаш тоа е прекршување на Уставот. За нашите прашања, за нашиот јазик нема да чекаме со предлог да дојде Заев или Груевски, туку тоа ќе го направиме самите и ќе условуваме тие да ги подржат“, изјави Зијадин Села.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира