Рускиот претседател Владимир Путин денеска рече дека не разговарал детално за решавање на конфликтот во Украина со претседателот на САД Доналд Трамп, како ни руските и американските преговарачки тимови кога се состанаа минатата недела во Саудиска Арабија.
Во изјавата емитувана на државната телевизија, Путин рече и дека Русија не ја исклучува можноста европските земји да учествуваат во мировното решение.
Претходно дента, Трамп рече дека верува оти Путин ќе прифати европски мировници во Украина како дел од потенцијалниот договор за ставање крај на војната и рече дека му го поставил тоа прашање на Путин. Путин и високи руски претставници претходно навестија дека нема да прифатат западни сили во Украина.