Идентификуван е возачот кој вчера со автомобил влечеше врзан коњ низ улиците во Скопје. Со него е извршен службен разговор во полиција и за настанот е изваестен јавен обвинител за натамошно постапување. Лицето ќе се гони за стореното кривично дело мачење на животни.
„Во врска со видеото кое вчера (17.04.2025) беше споделено на дел од социјалните медиуми, на кое се гледа како лице кое управува патничко возило ‘голф‘ со скопски регистарски ознаки има врзано коњ за куката од возилото и така се движи низ градското подрачје, од страна на полициски службеници од СВР Скопје беа преземени мерки и активности со цел утврдување и документирање на сторител на кривичното дело мачење на животни предвидено и казниво по член 233 од Кривичниот законик“, велат од МВР.