ВЛАСИТЕ ПРОСЛАВИЈА 120 ГОДИНИ ОД ПРИЗНАВАЊЕТО ЗА НАРОД, МИЦКОСКИ ВЕТИ ВЛАДИНА ПОДДРШКА ЗА НАСТАВАТА НА ВЛАШКИ ЈАЗИК

    ВЛАСИТЕ ПРОСЛАВИЈА 120 ГОДИНИ ОД ПРИЗНАВАЊЕТО ЗА НАРОД, МИЦКОСКИ ВЕТИ ВЛАДИНА ПОДДРШКА ЗА НАСТАВАТА НА ВЛАШКИ ЈАЗИКГрупата за влашки народни песни „Горди Власи“ настапи на свеченоста во МНТ. (Фото: К. Попов)

    Влашката заедница денеска го прослави меѓународниот Национален ден на Власите, 23 Мај, на кој годинава се одбележува 120 години од признавањето на Власите за народ. Националниот ден се слави од 1991, а 23 мај е избран оти на тој датум во 1905 било објавено дека султанот на Отоманската империја Абдул Хамид II на 22 мај го признал влашкиот милет – влашкиот народ.

    Во Македонија од 2007 Националниот ден на Власите, 23 Мај се слави и како државен празник.

    Премиерот Христијан Мицкоски кажа дека влашката заедница е нераскинлив дел од македонската државност. (Фото: К. Попов)

    На свеченоста во Македонскиот народен театар (МНТ), за која од организациониот одбор кажаа дека за првпат се одржува со поддршка на Владата, за првпат говореше и македонски премиер.

    Премиерот Христијан Мицкоски кажа дека влашката заедница е нераскинлив дел од македонската државност и оти Владата ќе продолжи со поддршка на наставата на влашки јазик, поддршка на културните манифестации и книжевноста и ќе вложува во образованието на млади Власи.

    На свеченоста настапија реномирани влашки пејачи и групи, меѓу кои и Марија Костова, „Бона деи“, „Горди Власи“, група ученици Власи и Македонци од Штип кои учат влашки јазик и дуото Дац и Александар.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира