ТРАМП ИСКРЕНО САКА МИР ВО УКРАИНА, А ЕВРОПЕЈЦИТЕ САМО ПРИМИРЈЕ, РЕЧЕ ЛАВРОВ

    ТРАМП ИСКРЕНО САКА МИР ВО УКРАИНА, А ЕВРОПЕЈЦИТЕ САМО ПРИМИРЈЕ, РЕЧЕ ЛАВРОВЕвропејците... инсистираа на секој чекор само на прекин на огнот, а потоа ќе продолжат да ја снабдуваат Украина со оружје, рече Лавров. (Фото: АП)

    Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека на самитот меѓу САД и Русија во Алјаска на 15 август било јасно оти американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот тим искрено сакаат да постигнат долгорочен и одржлив мир во Украина. Лавров рече дека атмосферата на самитот Путин-Трамп била „многу добра“.

    „Беше јасно дека шефот на САД и и неговиот тим, пред се, искрено сакаат да постигнат резултат што ќе биде долгорочен, одржлив, сигурен“, изјави Лавров за државниот телевизиски канал „Росија 24“.

    Лавров го спореди она што го нарече конструктивна позиција на САД со онаа на Европа, чии лидери вчера учествуваа на вонредениот самит во Белата куќа со Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски за да разговараат за Украина. Лавров рече дека „Европејците… инсистираа на секој чекор само на прекин на огнот, а потоа ќе продолжат да ја снабдуваат Украина со оружје“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира