30 ДЕНА ПРИТВОР ЗА ЛИЦЕТО КОЕ СЕ ЗАКАНУВАШЕ СО ПОДМЕТНАТА БОМБА НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ

    30 ДЕНА ПРИТВОР ЗА ЛИЦЕТО КОЕ СЕ ЗАКАНУВАШЕ СО ПОДМЕТНАТА БОМБА НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМОсомничениот на 16 август во 02:41 часот преку телефонската линија за итни случаи 192 со умисла упатил сериозна закана за подметната бомба во воздухоплов на Меѓународен аеродром Скопје, на летот Скопје-Анталија. (Фото: СДК.МК)

    Обвинителството почна истражна постапка по поднесената кривична пријава од Министерството за внатрешни работи (МВР) против едно лице кое се закануваше со подметната бомба во авион на Скопскиот аеродром. Лицето се товари за сторено кривично дело Тероризам, судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје му определи 30 дена притвор.

    Осомничениот на 16 август во 02:41 часот преку телефонската линија за итни случаи 192 со умисла упатил сериозна закана за подметната бомба во воздухоплов на Меѓународен аеродром Скопје, на летот Скопје-Анталија.

    „Веднаш по приемот на заканата од страна на Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам биле активирани протоколите за антитерористичка проверка и по неколкучасовна проверка е утврдено дека станува збор за лажна пријава. Осомничениот со својата постапка создал чувство на страв и несигурност кај патниците и другите присутни на аеродромот, а воедно со активирање на протоколите за антитерористичка проверка го пореметил и севкупниот воздушен сообраќај“, велат од МВР.

    Лажна дојава за бомба на 16 август ги поремети сите утрински полетувања на Меѓународниот аеродром Скопје, а сите патници беа евакуирани. Првиот авион што полета по отварањето на аеродромот беше дури околу 7:30 часот, по што авионскиот сообраќај постепено се нормализира и авионите полетуваа со неколкучасовно задоцнување.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира