Надминат е проблемот со превозот на дел од учениците од околните села во Велешко, откако тие вчера не заминаа на училиште. Тоа се случи со стотина средношколци од Лозово, Мелница, Лисиче, Караслари, Сливник и други села. Превозникот од село Караслари без објаснување во на 27 август најавил дека нема да вози. Денеска превозникот продолжжи со работа.
Проблемот со останатите ученици е од селата каде што нема меѓуопштински јавен превоз и автобусите сообраќаат само за учениците. Поради тоа, вчера доцна попладнето во Велес беше и министерката Весна Јаневска. Таа рече дека законот е дециден, и учениците мора да одат на училиште.
„Родителите од Лозово покажаа незадоволство, одржав состанок со група родители и група ученици. Тие ги кажаа нивните аргументи, а ние нашите од Министерството. Законот не смее да се прекршува, децата мора да одат на училиште, не затоа што образованието е обврзно, туку е во нивна корист“, рече Јаневска.
Проблемот годинава се појави откако стапи на сила Законот за средно образование, со кои учениците кои се над 25 километри оддалеченост од училиштето е задолжително да престојуваат во интернат. Ако оваа институција ги одбие, тогаш тие може да користат автобуски превоз, кој го плаќа училиштето во кое учат. Тоа беше воведено оти беа високи беа давачките за превоз на ученици со автобус, а децата не сакале да бидат сместени во интернат.
Годинава, во средношколскиот интернат во Велес има примено 155 ученици, а капацитетот е 225 кревети. Дел од средношколците не конкурирале да престојуваат во овој дом. Таков е случајот со учениците од Лозово, кое е на 15 километри од Велес, и тие не сакале да бидат згрижени во интернат, туку да патуваат. Некои од родителите на синоќешната средба со министерката Јаневска кажале дека децата им помагаат за време на работната недела за работа во земјоделието.
П. ПЕЧКОВ



