СКОПЈЕ Е ЗАТРУПАНО ВО ЃУБРЕ ВО МАНДАТОТ НА АРСОВСКА, КАНДИДАТКАТА НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА ВО 2021 – ФОТОГАЛЕРИЈА

    СКОПЈЕ Е ЗАТРУПАНО ВО ЃУБРЕ ВО МАНДАТОТ НА АРСОВСКА, КАНДИДАТКАТА НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА ВО 2021  – ФОТОГАЛЕРИЈАСите контејнери низ градот се прополни, а купишта смет има на тротоарите и на улиците. (Фото: К. Попов)

    Главниот град Скопје е затрупан со ѓубре и претворен во депонија. Сите контејнери низ градот се преполни, а купишта смет има на тротоарите и на улиците. Со недели не се собира ниту ѓубрето од кантите од куќите.

    Булевар Теодосиј Гологанов во центарот на Скопје. (Фото: СДК.МК)

    Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска не кажува каде е точно проблемот и зошто не се собира ѓубрето, ниту има соопштение од ЈП „Комунална хигиена“ каде директор е Сабахудин Рустеми, кој е петти директор поставен на чело на оваа функција од Арсовска.

    Улица Даме Груев во најстрогиот центар на Скопје во близина на Собранието. (Фото: СДК.МК)

    Данела Арсовска на локалните избори во 2021 година беше кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ. Мнозинството во Советот на Град Скопје го има ВМРО-ДПМНЕ. Претседател на Советот на Град Скопје од ноември 2021 до мај годинава беше Трајко Славески од ВМРО-ДПМНЕ, кој сега е гувернер на Народната банка. Новиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на главниот град Орце Ѓорѓиевски, кој е актуелен градоначалник на Општина Кисела Вода викендов, на промоцијата на неговата кандидатура рече дека тој сигурно ќе стане градоначалник и во првите 72 часа ќе спроведе генералка. 

    Булевар Партизански одреди кај ТЦ „Буњаковец“. (Фото: СДК.МК)

    Арсовска на својот фејсбук профил напиша дека во Управниот и Надзорниот одбор на претпријатието се кадри на ВМРО-ДПМНЕ и дека тие се причина зошто се кочи работата на претпријатието.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира