ГОЛЕМ ДЕЛ ОД СКОПЈЕ Е БЕЗ ВОДА, ПУКНА ЦЕВКОВОД ВО ВЛАЕ

    ГОЛЕМ ДЕЛ ОД СКОПЈЕ Е БЕЗ ВОДА, ПУКНА ЦЕВКОВОД ВО ВЛАЕОд ЈП „Водовод и канализација“ информираа дека се работи за сериозен дефект на водоводна цевка Ф600мм.на улица Франце Прешерн.(Фото: СДК.МК)

    Вечерва пукна цевка за вода во населбата Влае, по што пола од западниот дел на Скопје остана без вода. Без вода се и висококатниците во другиот дел од Градот, а со значително намален притисок е и Клиничкиот центар.

    Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека станува збор за голем дефект и дека дел од улиците во населбата Влае се поплавени.

    Од Градот Скопје нема никаква информација.

    Од ЈП „Водовод и канализација“ информираа дека се работи за сериозен дефект на водоводна цевка Ф600мм. на улица Франце Прешерн.

    „Поради дефектот без вода ќе биде голем дел од градот, а останатот дел од градот ќе биде со намален притисок. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности“, соопштија доцна во недела од „Водовод и канализација’.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира