ЗА ОКОЛУ 4.800 ЛИЦА Е НАМАЛЕН БРОЈОТ НА ГЛАСАЧИ ВО БИТОЛА

    ЗА ОКОЛУ 4.800 ЛИЦА Е НАМАЛЕН БРОЈОТ НА ГЛАСАЧИ ВО БИТОЛАИзлезноста во Битола до 9 часот изнесува 3,38 отсто, а право на глас имаат 77.253 избирачи. (Фото: СДК.МК)

    Бројот на избирачи во Општина Битола на овие локални избори во однос на оние од 2021 е намален за околу 4.800, потврди претседателот на Општинската изборна комисија Игор Талевски.

    Во однос на ланските претседателски избори бројката е приближно иста, но во однос на периодот од пред четири години, ова е големо намалување, најверојатно најголемо во државата. Нема точен податок на што се должи намалувањето на бројот на гласачи, но веројатно е последица на намален наталитет и зголемен број на починати и иселени.

    Талевски вели дека на секое избирачко место има Основен избирачки список со жители кои се тука и посебен со лица кои се во странство, а се со адреси во Македонија. Доколку тие се тука за време на избори, можат да го остварат гласачкото право.

    Во 7 часот се отворени сите 170 гласачки места и гласањето тече непречено. Излезноста во Битола до 9 часот изнесува 3,38 отсто.

    Право на глас имаат 77.253 избирачи. Најмало избирачко место е село Драгош со 11 избирачи, а најмногу, 960 гласачи, има на избирачкото место 174 во Завод и музеј Битола.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира