ГО ИЗМАМИЛА ДЕКА ЌЕ ВИКНЕ УШТЕ ЕДНА ЖЕНА ЗА ДРУЖБА ВО ХОТЕЛ, ПА СО ДВАЈЦА МАЖИ ГО НАТЕПАЛЕ И МУ УКРАЛЕ 3.000 ЕВРА

    ГО ИЗМАМИЛА ДЕКА ЌЕ ВИКНЕ УШТЕ ЕДНА ЖЕНА ЗА ДРУЖБА ВО ХОТЕЛ, ПА СО ДВАЈЦА МАЖИ ГО НАТЕПАЛЕ И МУ УКРАЛЕ 3.000 ЕВРАЛицата го удирале оштетениот со боксови по главата и телото додека не паднал на земјата, а од џебовите му ги одзеле парите, мобилниот телефон и личната карта. (Фото: К. Попов)

    Двајца мажи и две жени измамиле, а потоа и натепале скопјанец и му зеле 200.000 денари (околу 3.200 евра). Една од жените е во бегство, соопшти Обвинителството.

    На 30 октомври оштетениот со една од осомничените жени отишле во мотел во Скопје, по што таа му предложила да повика уште една девојка. Оштетениот се согласил и осомничената ја повикала другата жена, па заедно го убедиле оштетениот да одат во друг поубав и поевтин хотел.

    „Излегувајќи од собата, во темниот двор на мотелот, ги пречекале двајцата мажи кои биле во договор со жените и заедно му се нафрлиле на оштетениот. Го удирале со боксови по главата и телото додека не паднал на земјата, а од џебовите му ги одзеле парите, мобилниот телефон и личната карта“, соопштија од Обвинителството.

    За случајот, Обвинителството спроведува истрага за сторено кривично дело Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за сите четворица осомничени, поради опасност од бегство и можност да го повторуваат делото. За една од осомничените жени која е во бегство откако го извршила делото, притворот ќе започне да се применува откако ќе биде најдена и уапсена.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира