Крадци влегле во куќата на гостиварец, при што му украле пари и златен накит во вредност од околу 65.000 евра. Гостиварската полиција ја расветлила кражбата и притворила две лица од Гостивар и едно од Тетово, кои се сомничат дека ја извршиле кражбата.
„На 20.12.2025 во 18:20 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода А. З. (24) и М. З. (27) од Гостивар поради основано сомнение дека на 14.12.2025 извршиле тешка кражба во куќа сопственост на Ф. М. (58) од Гостивар, при што биле одземени пари и златен накит во вредност од околу 65.000 евра. Подоцна, од слобода била лишена и Н. И. (24) од Тетово. Истиот ден, по претходно добиена судска наредба, бил извршен претрес во домот на А. З., при што биле пронајдени и со потврда одземени поголем дел од украдените пари и златен накит, кои ќе му бидат вратени на сопственикот“, соопштија од СВР Тетово.
Приведените лица се задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
З. АНДОНОВ



