СЕ БАРА ПРИТВОР ЗА ОХРИЃАНЕЦ КОЈ СО ТУПАНИЦИ И КЛОЦИ ГО ТЕПАЛ 10-ГОДИШНИОТ СИН

    СЕ БАРА ПРИТВОР ЗА ОХРИЃАНЕЦ КОЈ СО ТУПАНИЦИ И КЛОЦИ ГО ТЕПАЛ 10-ГОДИШНИОТ СИНЈавниот обвинител му предложи на Судот да му определи мерка притвор на 45-годишниот охриѓанец. (Фото: СДК.МК)

    Јавното обвинителство Охрид бара притвор за 45-годишен охриѓанец, кој со тупаници го тепал 10-годишниот син. Тој веќе имал судски мерки кои му биле изречени поради физичко и психичко насилство врз сопругата и двете деца. За него постои основано сомнение дека сторил кривични дела Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 1 и Неизвршување на судска одлука од член 377 став 5 од Кривичниот законик.

    Осомничениот, на 24 март во семејниот дом во Охрид, физички го нападнал и телесно го повредил неговиот 10-годишен син. Детето го удирал со тупаници, шамари и клоци по целото тело, а во еден момент го фатил за коса и така го подигнал од подот. Исто така, тој во континуитет подолг период упатувал сериозни закани по живот со што ја загрозил сигурноста на неговата сопруга. Ваквото семејно насилство осомничениот го вршел иако имал активно изречени судски мерки за заштита од семејно насилство, со кои му било забрането физички и психички да ја малтретира сопругата и двете малолетни деца“, велат од Основното јавно обвинителство.

    Изречените судски забрани тој не ги почитувал, а поради очигледната намера да ги повторува дејствијата на семејно насилство, како и поради ризикот од бегство, јавниот обвинител му предложи на Судот да му определи мерка притвор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира