МАКЕДОНСКОТО ЗДРУЖЕНИЕ НА СРБИТЕ ШТО ДЕМОНСТРИРАШЕ ЗА ПОДДРШКА НА ВУЧИЌ ВО КУМАНОВО Е ФИНАНСИРАНО ОД МНР НА СРБИЈА

    МАКЕДОНСКОТО ЗДРУЖЕНИЕ НА СРБИТЕ ШТО ДЕМОНСТРИРАШЕ ЗА ПОДДРШКА НА ВУЧИЌ ВО КУМАНОВО Е ФИНАНСИРАНО ОД МНР НА СРБИЈАУправата за соработка со дијаспората и Србите во регионот околу 3.400 евра на здружението „Мир, слога, стабилност“ за проектот со наслов „Православието и духовноста нè поврзуваат – Под закрилата на молитвата“; - Од собирот во Куманово. (Фото: СДК.МК)

    Здружението на Србите во Македонија „Мир, слога и стабилност“, кое на 23 мај во Куманово го организираше собирот за поддршка на на српскиот претседател Александар Вучиќ непосредно пред голем студентски антивладин протест во Белград, е финансирано од Министерството за надворешни работи (МНР) на Србија, објави порталот НОВАЕКОНОМИЈА.РС.

    Според јавно достапните податоци, на ова здружение во април годинава му биле доделени пари на конкурс на Министерството за надворешни работи на Србија за кофинансирање проекти наменети за организации на Срби од регионот. Управата за соработка со дијаспората и Србите во регионот му доделила 400.000 динари (околу 3.400 евра) на здружението „Мир, слога, стабилност“ за проектот со наслов „Православието и духовноста нè поврзуваат – Под закрилата на молитвата“. (Фото: НОВАЕКОНОМИЈА.РС)

    Порталот објави документ на кој здружението „Мир, слога и стабилност“, основано на 30 јуни 2022, е списокот на приматели на финансиски средства од МНР на Србија. Според јавно достапните податоци, на ова здружение во април годинава му биле доделени пари на конкурс на Министерството за надворешни работи на Србија за кофинансирање проекти наменети за организации на Срби од регионот. Управата за соработка со дијаспората и Србите во регионот му доделила 400.000 динари (околу 3.400 евра) на здружението „Мир, слога, стабилност“ за проектот со наслов „Православието и духовноста нè поврзуваат – Под закрилата на молитвата“.

    Неколку стотини граѓани од Куманово и Скопје на 23 мај учествуваа на собирот за поддршка на Вучиќ, кој се одржа пред Српскиот конзулат во Куманово, кој помина со развиорени српски и македонски знамиња, српска и македонска музика и транспаренти со пораки „Куманово и Скопје се со Вучиќ“. Настанот се одржа под силно полициско обезбедување и помина без инциденти.

    „Ние од овој собир не испраќаме порака до Македонија, туку нашата поддршка е упатена кон Република Србија. Ова не е мешање во внатрешните работи на Македонија, туку само одраз на она што ние го чувствуваме. По националност сме Срби, но живееме и работиме тука, што значи дека во некои сегменти Македонија ја сакаме и повеќе од оние што се од македонска националност. Да не беше така, ние ќе си заминевме“, изјави претседателката на „Мир, слога и стабилност“ Милена Величковиќ.

    Медиумите наклонети кон власта во Србија известуваа за „прекрасни сцени“ и зборуваа за „геополитичката тежина“ на овој собир.

    Десетици илјади луѓе на 23 мај вечерта демонстрираа во центарот на Белград барајќи предвремени избори. Собирот организиран од студентското движење беше дел од протестното движење предизвикано од уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад во ноември 2024 при што загинаа 16 лица меѓу кои и македонскиот државјанин Васко Саздовски. Клучната порака – и покрај серијата говори на почитувани експерти од областите на науката, здравството, уметноста, правдата – веројатно беше упатена уште на самиот почеток: ова веќе не се само студентски барања, туку и барања на бунтовниот народ.

    Студентите досега беа на чело на демонстрантите кои го повикуваа претседателот Александар Вучиќ да поднесе оставка поради трагедијата во 2024, обвинувајќи ја владата за небрежност и корупција. Владата одговори на протестите со сурово ограничување на демонстрантите и произволни апсења на организаторите и поддржувачите. Поради протестот во Белград на 23 мај, дента беа суспендирани железничките услуги низ цела Србија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира