ПУТИН МУ ЈЕ ЧЕСТИТАШЕ НА ТРАМП 250-ГОДИШНИНАТА ОД НЕЗAВИСНОСТА НА САД И ЈА ИСТАКНА ВЕКОВНАТА СОРАБОТКА МЕЃУ ДВЕТЕ ЗЕМЈИ

    ПУТИН МУ ЈЕ ЧЕСТИТАШЕ НА ТРАМП 250-ГОДИШНИНАТА ОД НЕЗAВИСНОСТА НА САД И ЈА ИСТАКНА ВЕКОВНАТА СОРАБОТКА МЕЃУ ДВЕТЕ ЗЕМЈИПутин го истакна она што го нарече „многуте славни“ поглавја во 250-годишната историја на односите меѓу двете земји. (Фото: ДПА)

    Рускиот претседател Владимир Путин денеска им честиташе на САД за 250-годишнината од независноста, и го пофали она што го нарече вековна соработка меѓу двете земји.

    „Почитуван господине претседателе, драг Доналд“, напиша Путин во честитка до американскиот претседател Доналд Трамп, која ја објави руското Министерство за надворешни работи во Москва. „Потпишувањето на Декларацијата за независност на САД не само што го означи почетокот на постоењето на вашата нација, туку стана и значајна пресвртница во светската историја“, напиша тој.

    Путин додаде дека Русија, тогаш под царевите, „ги поддржала северноамериканските колонисти во нивната борба за слобода од британската власт“. Путин го истакна она што го нарече „многуте славни“ поглавја во 250-годишната историја на односите меѓу двете земји.

    „Бевме сојузници во две светски војни, заедно го ослободивме човештвото од ужасите на нацизмот, а потоа одигравме витална улога во поставувањето на темелите на современиот светски поредок. А денес, Русија и Соединетите Американски Држави – како две најголеми нуклеарни сили – имаат посебна одговорност за обезбедување безбедност и стабилност на глобално ниво“.

    Завршувајќи ја пораката со емотикон за ракување, Путин напиша: „Ти посакувам, Доналд, и на твоите најблиски здравје, благосостојба и успех, а на сите американски граѓани среќа и просперитет“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира