Негативни се резултатите од мострите за труењето со храна на вработените во штипската фирма „Адиент“, каде по работниот ручек шестмина вработени се пожалиле на болки во стомакот и со симптоми на труење од тоа што го јаделе за време на работниот ден во фабриката и биле хоспитализирани. По добивањето на негативни резултати од сите испитувања во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) и Агенцијата за храна, штипските епидемиолози веќе го затвораат случајот, а некои од заболенте работници уште ги чувствуваат последиците труењето со фабричкиот оброк.
Директорот на штискиот Центар за јавно здравје Бранко Ѓоргиев, кој иако е на годишен одмор го следи случајот, вели дека тие добиле интерни информации оти заболените работници биле инцидентни, и заболувањето се случило од едно обично кашлање кое ја предизвикало заразата на овие поединечни случаи со намалено и краткотрајно дејство.
- ВРАБОТЕНИ ОД ФИРМАТА ВО ШТИП КАДЕ ШТО ИМАШЕ ТРУЕЊЕ СО ХРАНА ЈА БОЈКОТИРААТ ФАБРИЧКАТА КУЈНА И СИ НОСАТ ХРАНА ОД ДОМА
- ШТИПСКИТЕ РАБОТНИЦИ ЗАТРУЕНИ СО ХРАНА СМЕТААТ ДЕКА ТРУЕЊЕТО Е ОД ЦЕЗАР-САЛАТА, ЗЕМЕНИ МОСТРИ И ОД ВОДАТА И ОД ТРПЕЗАРИЈАТА НА ФИРМАТА „АДИЕНТ“ КАДЕ ГО ИМАЛЕ ОБРОКОТ
И во двете фирми биле земени и примероци од водата што ја користат, но епидемилогот Јасмина Саздовска уште тогаш рече дека воопшто не верува оти во прашање е водата за пиење затоа што во случај на неисправна вода заболовувањата ќе биле поголеми и помасовни.
Од Центарот за јавно здрваје и од Трудовиот инспекторат во Штип додаваат дека за време постапката на испитување, од санитарните инспектори и епидемилозите по утврдените недостатоци биле изречени парични казни и дадени препораки за остранување на санитарните и хигиенските недостатоци за фирмата „Прециз“ чиј рестоаран бил дистрибутер на храната, и за укажаните слични грешки и на фирмата консумент на храната. Но сега, кога било утврдено дека препораките биле применети, а недостатоците остранети во пракса, и двете фирми ја продолжиле својата работа.
Но, и по овие официјални негативни резултати на здравствените институции, голем број вработени во фирмите кои со храна се снабдуваат од овој оператор како и во фирмата „Адиент“, не веруваат во квалитетот на храната што треба да ја јадат па си носат од дома, а има и такви на кои работниот ден им поминува без храна и со бојкот на фабричкиот оброк.
Т. ЈОВАНОВСКИ



