18 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА УБИЕЦОТ ВО СТАР ДОЈРАН КОЈ ГО ПРЕТЕПА ДО СМРТ ПРИЈАТЕЛОТ

    18 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА УБИЕЦОТ ВО СТАР ДОЈРАН КОЈ ГО ПРЕТЕПА ДО СМРТ ПРИЈАТЕЛОТСудот одлучи обвинетиот да остане во притвор до правосилноста на пресудата која е првостепена.(Фото: СДК.МК)

    Обвинетиот Васил Режак (56) од дојранско Сретеново денеска во Основниот суд Гевгелија доби 18 години казна затвор, откако беше прогласен за виновен за кривичното дело Убиство на свиреп начин. Тој останува во притвор до правосилноста на пресудата која е првостепена.

    Режак убиството го сторил попладнето на први ноември 2025.

    „Обвинетиот во близина на угостителски објект во селото Сретеново, Општина Дојран, со умисла го лишил од живот Никола Тимев. Претходно бил негов пријател со кого заедно седеле на скалите и пиеле, но во еден момент меѓу нив настанала вербална расправија која преминала во физичка пресметка“, се вели во обвинението и во пресудата.

    Детално се објаснуваат ударите кои обвинетиот безмилосно му ги задавал на пријателот.

    Режак најпрво го удирал Никола со раце и нозе, а потоа и со метална шипка, нанесувајќи му повеќе од десетина скршеници на екстремитетите и на черепот. Од ударите кои траеле речиси половина час, оштетениот не успеал да се одбрани и се здобил со тешки телесни повреди и обилно крварење. Обвинетиот го оставил на скалите и побегнал“, пишува во обвинението.

    Повредениот Тимев го забележале случајни минувачи кои повикале итна медицинска помош и тој бил пренесен во Медицинскиот центар во Гевгелија, каде починал како резултат на здобиените повреди.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира