ТЕШКО ПОВРЕДЕН 21-ГОДИШЕН ШТИПЈАНЕЦ КОЈ ПАДНАЛ ОД ОТВОРЕН ПРОЗОРЕЦ НА КОЛА ВО ДВИЖЕЊЕ

    ТЕШКО ПОВРЕДЕН 21-ГОДИШЕН ШТИПЈАНЕЦ КОЈ ПАДНАЛ ОД ОТВОРЕН ПРОЗОРЕЦ НА КОЛА ВО ДВИЖЕЊЕШтипјанецот излегол од отворениот прозорец и кога автомобилот свртел на кривина наеднаш испаднал од возилото, паднал на асфалтот и тешко се повредил. (Фото: СДК.МК)

    Тешко е повреден 21-годишник од Штип кој како сопатник испаднал од отворен прозорец на автомобил во движење. Задржане на лекување во штипската Клиничката болница.

    Несреќата се случила на 27 јули во 2 часот на раскрсницата од улиците Сремски фронт и Солидарност во Штип кога, според полцисикиот извештај, Н. А. (21) испаднал од отворениот прозорец на „ауди“ што го возел Б. С. (22).

    Жители од оваа населба кои биле сведоци на несреќата велат дека возачот и неговиот сопатник лудувале со автомообилот на раскрсницата. Едниот од нив излегол од отворениот прозорец и кога автомобилот свртел на кривина наеднаш испаднал од возилото, паднал на асфалтот и тешко се повредил. Веднаш биле известени и Брзата помош и полицијата. СВР Штип направил увид на самото место на настанот и ги утврдува причините за несреќата.

    Во неделата што измина во СВР Штип се регистрирани стотина сообраќајни прекршоци од кои најбројни биле возењето без дозвола и нерегиострирани возила, возење под дејство на алкохол и со преголема брзина од дозволената.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира