Во обилните дождови во градот Мокоа на југозападот на Колумбија, кои предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, загинаа 254 лица, 400 се повредени, а 200 се водат за исчезнати.
Дождовите предизвикаа излевање на неколку реки кои носеа карпи и камења. Повеќе од 1.100 војници и полицајци се повикани да им помогнат на загрозените луѓе.
„Ќе направиме се што можеме за да им помогнеме“, изјави колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос кој допатува во Мокоа, каде што безбедноста им е загрозена на 345.000 жители.
Метеоролошките служби за денеска прогнозираат послаби дождови во оваа област.