Иранската армија понуди парична награда во вредност од речиси 30.000 долари за секој убиен или заробен американски војник, според извештајот на информативниот портал „Аваш“. Според извештајот, двојно поголема сума би им била исплатена на жените што ќе заробат или убијат американски војници.
Се наведува дека наградата ја понудил Амир Хатами, врховниот командант на иранската армија. Овој потег следи во време на тековни воени тензии меѓу САД и Иран. Во изминатите недели, двете страни постојано го прекршуваа рамковниот договор од 17 јуни, со кој се предвидуваше траен крај на војната на сите фронтови.



