ВО ЦЕНТАРОТ НА ПАРИЗ ОТКРИЕН АНТИЧКИ ЅИД ВАЖЕН ЗА ОТКРИВАЊЕ НА ПОТЕКЛОТО НА ГРАДОТ

    ВО ЦЕНТАРОТ НА ПАРИЗ ОТКРИЕН АНТИЧКИ ЅИД ВАЖЕН ЗА ОТКРИВАЊЕ НА ПОТЕКЛОТО НА ГРАДОТЅидот долг околу 20 метри е откриен во дворот на болницата Отел-Дје, на островот Ил де ла Сите, во непосредна близина на катедралата „Нотр Дам“. (Фото: ИНРАП)

    Археолозите во центарот на Париз открија остатоци од древен ѕид за кој се верува дека бил дел од тврдината на галската Лутеција, населбата од која подоцна се развил денешниот француски главен град. Француското Министерство за култура го оцени откритието како исклучително значајно за разбирањето на потеклото на Париз.

    Ѕидот долг околу 20 метри е откриен во дворот на болницата Отел-Дје, на островот Ил де ла Сите, во непосредна близина на катедралата „Нотр Дам“. Ископувањата на локацијата почнаа во февруари годинава во рамките на реконструкцијата на болничкиот комплекс. Конструкцијата е направена од камен и дрво, а начинот на градба е карактеристичен за галските утврдувања од железното време. Археолозите пронашле и траги од силен пожар, јагленосани семиња, остатоци од изгорена дрвена градба и галски врв од копје. Откритието е особено интересно поради записите на Јулиј Цезар.

    „Можеби се наоѓаме пред еден од најважните остатоци што некогаш биле откриени за разбирање на галската Лутеција“, изјави француската министерка за култура Катрин Пегар, додавајќи дека сè уште е потребна научна претпазливост при утврдувањето на точната функција и староста на ѕидот.

    Ѕидот нема да може целосно да остане на своето место поради планираните градежни работи. Француските власти најавија дека ќе биде направен калап, а дел од него во иднина треба да биде реконструиран со оригинални камења и изложен во париски музеј. Ќе биде направен и тридимензионален дигитален модел на наодот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира