НАД 20 ИЛЈАДИ ИЗЛЕГОА НА ПРОТЕСТ ПРОТИВ ТЕРОРИЗМОТ ВО СТОКХОЛМ

    НАД 20 ИЛЈАДИ ИЗЛЕГОА НА ПРОТЕСТ ПРОТИВ ТЕРОРИЗМОТ ВО СТОКХОЛМТероризмот не смее да победи, порача градоначалничката на Стокхолм Карин Вангард на протестот. (Фото: ЕПА)

    Осомничениот за нападот со камион во Стокхолм требало да биде депортиран и имал екстремистички тендеции, соопшти шведската полиција. 39-годишен Узбекистанец е осомничен дека го возел камионот што влета во продавница во шведската престолнина во петокот.

    Денеска, повеќе од 20.000 луѓе се собраа во центарот на Стокхолм на „Љубовен фестивал“ против тероризмот и положија цвеќе пред продавницата „Ахленс“ во чест на жртвите. Градоначалничката на Стокхолм Карин Вангард им порача на насобраните: „Тероризмот не смее да победи… Место тоа, треба да мислиме на љубезноста и отвореноста што го карактеризираат нашиот град“.

    Осомничениот аплицирал за постојан престој во 2014 година, но бил одбиен и во декември минатата година добил четири недели да ја напушти државата, кажа шефот на полицијата Јонас Хисинг. Осомничениот потоа исчезнал и полицијата почнала да трага по него, додаде Хисинг.

    Во петокот попладне, четири луѓе загинаа во напад во центарот на Стокхолм и 15 други беа повредени откако украден камион влета во група луѓе на пешачка улица пред да удри во продавница.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира